домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КИКИРИТКИ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ОДГЛЕДУВАЊЕ НА КИКИРИТКИ

Старите Инки одгледувале кикиритки пред 3.500 години. Дури изработувале и садови во облик на кикиритки и ги украсувале со нив. Шпанските освојувачи во XV век кикиритките ги пренеле во Европа и пошироко низ светот, а интересно е што ова растение стигнало во Северна Америка дури во XVIII век, и тоа од Африка. Кикиритките во Македонија се одгледуваат единствено во подножјето на Беласица во Струмичко, поради поволните услови со значителна влага на почвата. Одгледувањето на кикиритки кај нас е започнато на почетокот на шеесетите години на XX век откако е донесено семето од агроном од Струмица кој бил на обука во Војводина. Во почетокот на летото грмушките на кикиритки ги прекривааат полињата. Откако цветовите ќе бидат опрашени, стеблата се спуштаат кон почвата, а жолтите цветови влегуваат под земја на длабочина од шест сантиметри. Плодовите се развиваат под земја во мешунки долги околу 4-5 сантиметри, во кои има од 1 до 4 зрна. Лушпата е рапава, а внатре има бледо жолтеникаво или жолто семе. Ископувањето на кикиритките се врши кон крајот на месец септември.

Ден 18 април 2025

00:01:17