домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Најстарата слика на човек врз ќерамика во Ограѓе и...
Дали знаете? – Најстарата слика на човек врз ќерамика во Ограѓе и насадите во Градскиот парк
- Најстара претстава на човек насликан на керамички сад пронајдоа археолозите на археолошкиот локалитет Ограѓе, кај скопското село Орман. Предметите се датирани во неолитот, околу 5.000-5.500 година пред новата ера. Во нашата земја слична претстава има на локалитетот Цоцев Камен, Кратовско, каде што во мала вдлабнатина во карпата има насликано човечки претстави. Инвеститор на истражувањата бил Игор Стевковски, сопственик на земјиштето на кое постоеле индиции дека има неолитска населба. Археолозите ископале околу 2.200 фрагменти од керамички садови и црносликани пехари како вистински ремек-дела од неолитските керамичари. Покрај садовата керамика, археолозите откриле 25 фрагменти од антропоморфни модели на куќа (попознати како Богинка Мајка), неколку антропоморфни фигурини, жртвеници, коскени орудија, кремени и камени ножеви, секирки и така натаму.
- Реонот на Градскиот парк се карактеризира со посебно ретки и квалитетни насади. Вегетацискиот состав е изграден главно од видовите кои припаѓаат на јужно европско медитеранското подрачје. Но се среќаваат и видови од речиси сите страни на светот. Како ретки видови, кои со децении опстојуваат во Градскиот парк, треба да се истакнат гинкото и џиновската секвоја, а во вториот дел од паркот јапонскиот цитрус, јапонскиот јавор и тулипановец. Секвојата расте во Скопје и кај Даут Пашин Амам и Дендропаркот во Шумарски факултет. Дрвата, се високи десетина метри и засадени се пред околу 70 години.