Дали знаете ? – Мушичарење и пеперутки
- Во сите светски енциклопедии за мушичарење запишано е дека првите записи за овој вид на риболов потекнуваат од Македонија. Првиот автентичен пишан текст за мушичарење и за првата мушица се наоѓа запишан во делото „De natura animalum” напишано некаде пред 1800 години, од Claudius Aelianus (170-230 g.n.e) Римски патописец и учител роден во Палестрина во близина на Рим. Во своето дело „За природата на животните“ составено од 17 книги, за првпат се опишува мушичарењето и првите мушици во светот.
- Пеперутката спаѓа во редот на суштества со најкраток животен век, а поради својата убавина и важноста во одржувањето на екосистемот, сѐ почесто се заштитени во посебни оддели на зоолошките градини во светот. Во светот се регистрирани речиси 150.000 видови пеперутки, а поголемиот дел од тие видови живеат само неколку дена од излегувањето од ларва. Климатските промени и други антропогени фактори го загрозија опстанокот на многу видови пеперутки. По пчелите, пеперутките се најголеми опрашувачи во природата и големиот број пеперутки во природата се најдобар показател на здравиот и избалансиран екосистем. Во Македонија има 202 вида дневни пеперутки, што претставува околу 50% од нивниот вкупен број во Европа.