домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕА/ОХРИДСКИОТ „БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК“

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – МОЗАИЦИТЕ ВО ХЕРАКЛЕА/ОХРИДСКИОТ „БЕРМУДСКИ ТРИАГОЛНИК“

Мозаиците во Хераклеа се влезени во сите антологии прочуени по својата убавина и уметнички вредност. Секој посетител што стапнал во Хераклеа може да ги види во живо, а не само на слика. Мозаиците во раскошен колорит постигнат со околу 27 бои и нијанси со коцкички од камен, стаклена паста и керамика ги има само во градбите што се од ранохристијанскиот период, односно од 5-6 в. и тоа во Големата базилика, малата Базилика и Манастирот. Мозаиците освен по својата уметничка вредност, познати се и по тоа што претставуваат еден вид сликовно писмо за претстава за космосот и по својата уметничка вредност ги надминуваат сите досега познати подни мозаици од тоа време.

Легендата за охридскиот “Бермудски триаголник” век и половина се надополнува со нови случки за секавичниот пекол што одвреме навреме се случува на езерото. Според кажувањата, во езерото се креваат големи бранови и на секој кој ќе се згоди тука, му нема спас. Бељата се случува во просторот сместен од кај црквата Св. Заум до сртот зад кој се наоѓа Свети Наум… Имено, во стрмиот рид над заумскиот засек живееле двајца браќа. Едниот имал многу овци, а другиот само една коза. Една квечерина се скарале околу “пасиштето”. Караницата прераснала во тепачка во мигот кога оној магличав столб од Галичица тргнал кон езерото. Алата од Галичица ги зафатила и, онака, грабнати за гуша, ги влечкала до брегот, разбивајќи ги од црвената карпа што и ден денес се гледа на брегот. Крвавиот камен стои како вечен спомен на караницата на двајцата браќа.

Ден 18 април 2025

00:01:17