домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - МИЛЕНИУМСКИ КРСТ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – МИЛЕНИУМСКИ КРСТ

  • На врвот на планината Водно 2000 година на место Крстовар над Скопје, на православниот празник Крстовден, а по повод одбележувањето на 2000-годишината од Христовото раѓање, е поставен камен-темелникот на Милениумскиот крст. Изграден е во 2002 год. Со 66 м височина, неговите архитекти се Јован Стефановски-Жан и Оливер Петровски. На 8 септември 2008, денот на независност на Република Македонија, во внатрешноста на крстот бил вграден лифт. Жичарницата „Милениумскиот крст“ е пуштена во употреба на 3 јуни 2011, води до крстот и служи за панорамско разгледување на градот и планината.
  • Петте икони од Марков манастир Скопје не се случаен наод. Уште од првите контакти пред 1973 година пред да се преземат акциите за нивното транспортирање во конзерваторската лабораторија биле јасно забележани извесни првобитни иконографски и стилски елементи кај малите непресликани делови кои дозволувале со сигурност да се верува дека иконите се од времето на кралот Марко. По конзерваторските интервенции бил потврден фактот дека петте пресликани икони се не само хронолошки најстари, туку и во ликовен поглед најквалитетни сликарски остварувања меѓу сите денес сочувани икони во колекцијата на “Марков манастир”. Претпоставка е дека иконите биле скапоцено дарение од византиската царица Елена Драгаш Палеолог, сопруга на царот Маноил II Палеолог и ќерка на обласниот феудален владетел Константин Драгаш. Ова донаторство се случило по 1395 година, по смрта на кралот Марко.

Ден 18 април 2025

00:01:17