домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Мијачко знаме и знаме на Разловечко востание

Дали знаете? – Мијачко знаме и знаме на Разловечко востание

  • Мијачки крстат бајрак е знамето на македонското племе Мијаци. Жителите на селата Галичник, Лазарополе, Тресонче, Гари, Росоки, Осој и ден-денеска го сметаат за свое и го истакнуваат сред село заедно со државното знаме на Република Македонија за време на празниците и прославите. Мијакот Исаја Мажовски (1852 г. -1922 г.) од с. Лазарополе, во своите Спомени пишува дека македонскиот бајрак се користи уште од времето на античка Македонија а бил забранет да се користи од страна на турците во време на османлиското владеење на Македонија.
  • По избувнувањето на РАЗЛОВЕЧКОТО востанието (1876 година), на знамето кое е широко 186 цм, а високо 165 цм, во Разловци дополнително било извезено на старомакедонски „Станете да ве освобода“, односно „Станете да се ослободиме“. Востаниците знамето го чувале како очите во главата. При задушување на востанието, Димитар Беровски со група соборци успева да го пробие обрачот. Со себе го изнесува и знамето. Две години подоцна Беровски раководи и со Кресенското востание… Знамето го чувал како нешто најсвето се до својата смрт во Ќустендилското село Долна Граштица на 19.12.1907. Оригиналното знаме денес се наоѓа во Софија, а во 1976, на стогодишнината од Разловечкото востание, во музејот на Берово беше поставена негова реплика.

Ден 18 април 2025

00:01:17