домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - МИХАЈЛО ПУПИН

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – МИХАЈЛО ПУПИН

⦁ 1854 во селото Идвор, во Банат, е роден Михајло Пупин, научник на светски глас. Дедото Арсение Пупин кој живеел во Вевчани заминува во Идвор- Србија каде го добива синот Константин, татко на Михајло. Постојат информации дека мајката на Пупин-Олимпијада потекнувала од охридскиот регион. Денес спомен куќа на светски познатиот научник Михајло Пупин се наоѓа во Вевчани и е целосно обновена. Во 1914 година Пупин формирал „Фонд Олимпијада Пупин“. Средствата биле користени за стипендии за децата од Стара Србија, но и како помош за Македонија. Во 1921 година, Пупин во Љубљана нарачал да се излие камбана тешка 2.300 килограми на која пишува: „Михајло Пупин, професор на Колумбискиот универзитет во Америка. Божествени звуци разнесете ја славата на паднатите јунаци и раскажувајте му на потомството за нивните големи дела. За паднатите херои на Кајмакчалан, 1921 година“. Пупин формирал и фонд за помош на сиромашните граѓани на Охрид од 100.000 динари. Од 1930 година една улица на градот Охрид го носи неговото име. Во едно писмо Пупин му изразува благодарност на градоначалникот на Охрид за одлуката да биде прогласен за почесен граѓанин и испратил и чек од 51.000 динари со желба да се основа фонд „Михајло Пупин“, за годишни награди на ученици од Охридската гимназија. Во времето на претседателот на САД Вудро Вилсон,кое се поклопува со поделбите на Македонија во 1912 и 1913 година, Белата куќа има издадено соопштение дека САД не сакаат да видат поделена Македонија. Се смета дека голема заслуга за овој американски став имал Михајло Пупин. Како специјален пратеник на американскиот претседател Пупин учествувал во подготвителните седници на Мировната конфереција во Париз, залагајќи се Македонија да добие автономија, да стане држава. Во центарот на Вевчани, на преображение /19.8.2019/, свечено е откриена спомен-биста на истакнатиот светски научник. Бистата е донација од фондацијата „Младен Селак“ од Србија. Со спомен-бистата, се заокружи таа славна приказна и пиететот што вевчанци го негуваат кон Михајло Пупин.

Ден 18 април 2025

00:01:17