домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Мермерот на ресенскиот сарај и неговата градба

Дали знаете? – Мермерот на ресенскиот сарај и неговата градба

Мермерот што е вграден во ресенскиот Сарајот е носен од локалитетот Плочине кај с. Болно. На 3 јули 1908 година командантот на турскиот аскер во Ресен, мајорот Ахмет Нијази-бег се одметнал од својата војска и станал еден од водачите на Младотурската револуција. Во 1908 до 1912 година го изградил ресенскиот сарај кој до ден денес претставува значајно обележје на градот. Сарајот служел како седиште на многу управи по Балканските војни. Тука била сместена српската управа, а потоа управата на Кралството Југославија. За време на двете светски војни овде се наоѓале окупаторските управи, а по ослободувањето биле сместени градската управа на Ресен, домот на културата „Драги Тозија“, Градската библиотека, Музејот на Ресен, Ресенската керамичка колонија, Радио Ресен и неколку простории на невладините организации, од кои едната го носи името на Нијази-бег.
Турскиот бег во Ресен бил добар пријател со турскиот бег во Битола. Еден ден битолскиот бег му најавил дека наскоро ќе стане турски конзул во Париз. Кога битолскиот бег стигнал во Париз му пратил разгледница на својот пријател во Ресен, со слика од палатата во која што живеел, со зборовите ‘драг пријателе, јас живеам во овој сарај’. Кога ресенскиот бег ја добил разгледницата од својот пријател, веднаш ги испратил своите поданици во Париз, да го најдат проектот на палатата. За четири години тој изградил иста таква палата во Ресен. Кога неговиот пријател се вратил во Битола, тој го поканил на гости во Ресен. Битолскиот бег стоел зачудено пред сарајот, а ресенскиот бег му рекол ‘драг пријателе, ти во ваков сарај живееше четири години, а јас ќе живеам до крајот на мојот живот.’ Сарајот на ресенскиот бег денес е Музеј на град Ресен.

Ден 18 април 2025

00:01:17