Во својата книга „Манастирите во Македонија“ (Софија, 1933 г.), Георги Трајчев за манастирите во Скопско во кратки црти се осврнува и на Кожленскиот манастир „Рождество Богородично“, (пред XVI век „Св. Никола“), одалечен 1 км од тврдината над селото Кожле. За овој манстир Трајчев ќе напише: „Св. Богородица – с. Кожле – Под село Кожле на реката Пчиња, на една карпа со пештера е изградена црквата св. Богородица (Успение Богородично). Манастирот е стар со мала црква за 40 – 50 души, со нов иконостас. Тој се управува од селото, кое се користи со движниот и недвижниот имот…“
На падините на Скопска Црна Гора во селото Кучевиште, во 1327 година, изградено е православно светилиште посветено на празникот Воведение Богородичино, денес позната под името Св. Спас. Подоцна во 1501, под тешките бремиња на османлиското царство, додадено е “тајно” места за богослужба – параклис посветен на св. Никола “црквичка во црква” со тајни внатрешни, денес надворешно пристапни скали. Османлиите, ја контролирале долната црква, но во овој црковен бисер, се одржувале тајни редовни богослужби. Во кучевишката “црква во црква” со релативно големи оштетувања, сочувани се импресивни фрескоживописни композиции.
Коста Солев, книжевен деец, комунистички активист, својот псевдоним Рацин го добил по силно искажаната љубов кон Раца односно Рахилка Фирфова (1911-2000), девојка од богата градска фамилија. Тие живееле во истиот град, во Велес, но никогаш не се запознале. И покрај тежината на искажаните зборови во картичките, Рахилка раскажа дека не се ни сеќава на Коста од училишните денови. Картичките во училиштето во Велес ги однел нејзиниот син, кога учеле за Кочо Рацин, и оттогаш не ги добила назад. Потоа дознала дека биле и во Градскиот архив, но почнале извесни проблеми и Раца забранила јавно да бидат изложени. Една од картичките на која стиховите се испишани со крвта на Рацин
