домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - МАНАСТИР СВ.ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – МАНАСТИР СВ.ЈОАКИМ ОСОГОВСКИ

Претпоставка е дека пред изградбата на Големиот храм посветен на св. Јоаким Осоговски (1847/51) год. под темелите се наоѓа првиот храм на св. Јоаким Осоговски. Археологијата и воопшто науката сè уште ја немаат дефинирано оваа претпоставка. Како и да е, најстар црковен објект денес во манастирскиот комплекс е црквичката Рожденство на Пресвета Богородица која датира од XII век. Црквата Света Богородица, според градителскиот концепт, спаѓа во редот на мали крстообразни еднокуполни цркви, со основа на слободен крст, со тристрана апсида однадвор и припрата. Градбата ја карактеризира византиски стил. Градена е со по два реда тули, еден ред камен во хоризонтални редови со дебел слој малтер меѓу нив. На западниот ѕид на припратата е вграден поголем прозорец кој има функција да го осветлува просторот на светата вода. Mанастирот Свети Јоаким Осоговски уште од самото основање во XII век се развил во манастир со богата содржина од цркви и параклиси, за што говори турскиот попис од 1570 година. Неговата повеќезначајна функција како црковен, духовен, просветен и културен центар и попатна оаза на караваните и добро намерниците била услов да се градат многу придружни објекти во текот на неговата историја.

Ден 18 април 2025

00:01:17