Дали знаете? – Маловишта/Власи
- Со векови па до денес Маловишта остана компактно арм’нско село (влашко) во кое уште живеат Арм’ни (Власи) и каде до денес се зборува арм’нскиот јазик. Ова е едно од најживописните села во Битолско, неодамна е прогласено за рурална споменична целина. Од архитектурата добивме чувство како да сме во гратче. Куќите на катови, збирни, со амфитеатрален распоред и тесни улички со калдрма. Во селото се наоѓа и споменикот на Константин Белемаче, авторот на песната „Родителска порака“прифатена за национална химна на Власите.
- На 23 мај 1905 Со ираде – указ на турскиот султан Абдул Хамид II, Власите се признати како посебен народ во Отоманското царство. /Ti multsã anj dzua Nacionale al Armãnjlor/. Власите никогаш немале своја национална држава и секогаш биле посветени во развојот на државата во која што живееле и лојални на истата. Ви го преставувам Никола Мартиноски – Мартин (1903 – 1973) роден во Крушево. Школуван во Скопје, Букурешт и Париз. Еден од основачите на Националната галерија на Македонија. На Крушево му поклонил збирка од 62 ремек дела кои се наоѓаат во уметничката галерија која го носи неговото име и е едно од местата кое не смеете да се пропушти при посета на Крушево.