⦁ Македонскиот даб, пред се во кичевско-бродскиот регион, е од врвен светски квалитет, најдобра потврда е фактот што првите буриња за шкотски виски изработени пред повеќе од век и половина се од него. Структурата на влакното на македонскиот даб е најсоодветна за добивање на буриња од највисок квалитет. Нашиот даб расте доста споро, што гарантира дека неговиот квалитет е многу подобар од оние брзо расни шуми, кои даваат големи количини на дрво, но без соодветен квалитет. При првата експлоатација на дабови трупци за шкотски виски, користени се и повеќе од 2000 пара волови, со кои е овозможено трупците од планината да бидат спуштени во полето, за потоа со бродски транспорт да бидат транспортирани до последното одредиште.
⦁ Уснија Реџепова (Скопје, 4 февруари 1946 – Белград, 1 октомври 2015) пејачка со ромско и турско потекло. Таа е добитничка на националната пензија на Република Србија, од 29 декември 2011 година. Легендарната пејачка е погребана на градските гробишта Бутел во нејзиниот роден град Скопје
