домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Лушпест гуштер и Свети Јован Крстител во Кратово

Дали знаете? – Лушпест гуштер и Свети Јован Крстител во Кратово

Algyroides nigropunctatus – Лушпест гуштер е ендемичен вид, кој во Македонија може да се сретне само во Споменикот на природа Кањон Матка. Видот преферира засенчени или делумно засенчени подрачја, и најчесто води скриен начин на живеење. Тој добро се искачува, што е особено уочливо кога седи на светла карпа.
Црквата „Свети Јован Крстител“ Кратово се наоѓа во рибарското маало на Кратово. Според преданието на постарите кратовчани, црквата била запалена во текот на Карпошовото востание (1689 г.), при што останале ѕидовите, но покривот целосно изгорел. Сепак, голем дел од вредните црковни предмети биле зачувани. Црквата била обновена дури два века подоцна, односно во 1836 година од страна на познатиот Андреја Дамјанов, додека импозантниот иконостас од ореово дрво со позлата е едно од првите дела на Петре Филиповски – Гарката и неговата тајфа, а иконите се создадени од Димитар Андонов Папрадишки и самоковските зографи. Ова е ретка фреска на Летечките тркалата на Езекиел. Меркаба е кочија направена од многу ангели, а управувана од „Оној налик на човек“. Основниот облик на кочијата е составен од четири ангели. Под овие ангели, има други ангели кои формираат тркала, и не ги допираат стапалките на горните ангели. Ангелот со лице на човек е секогаш свртен кон исток и гледа кон „Оној налик на човек“ кој ја вози кочијата, а кој седи на трон направен од сафири.

Ден 18 април 2025

00:01:17