Летото 1997 година, при археолошките истражувања на некрополата од железно време на локалитетот Лисичин Дол во близина на селото Марвинци, беше откриено исклучително погребување во гробот број 15. Во гробот – правоаголна јама, било инхумирано женско лице на возраст околу 35 години, со богат инвентар на бронзени артефакти. Тука за прв пат беа откриени култни бронзи од фамилијата Македонски (Пајонски) бронзи, во изворна положба. Овие наоди редовно се поврзуваат со женски гробови, што упатува на можноста определени жени да биле чувари на култните вредности и религиозните активности во заедницата. Изложена е во НУ Археолошки музеј на Македонија.
Скулптурата на пајонската свештеничка, која е висока 3 метри, од гробот 15 е исклучително погребување на женска индивидуа на возраст од околу 35 години, со богат инвентар на гробни дарови кој беше откриен при археолошките истражувања на некрополата од железно време на Лисичин Дол во близината на селото Марвинци. По лиењето во бронза во Смедерево, Србија, од 2009 година, најнапред стоеше во дворот на Музејот на Македонија за подоцна да биде пренесена на новиот мост „Око“, во фонтаната во неговиот централен дел. Кога минувате по мостот имате чувство дека нејзината фасцинантна големина, вперениот поглед во небото, многубројните култни бронзи на нејзината витка става на мошне специфичен начин ги има доловено нејзиниот автор, академскиот скулптор Сретко Јовановски, кој работи како конзерватор на камена пластика во Музејот на Македонија. Прва мала верзија на оваа скулптура тој ја изработи во 2005 година, а за нејзиното моделирање е снимена и телевизиска репортажа.
