Збирката од литографски споменици пред Музејот на Град Скопје е составена од триесетина камени споменици од античкиот град Скупи, откриени во локалитетот во подножјето на Зајчев рид, на само 5 km од денешниот центар на градот. Преку овие камени споменици може да се направи хронолошки пресек низ материјалната и духовната култура во римскиот период од I до III век. Интересен е податокот дека четирите гробни ковчези веднаш пред влезот во Музејот биле откриени во една од најурбаните населби на денешно Скопје, во Карпош 3, во околината на денешниот трговски центар во таа населба. Во Карпош се наоѓа и надгорбен споменик на Гајус Семпрониј Лупо, градски советник, квестор и градоначалник. При реконструкција на улица во Карпош се пронајдени камен саркофаг и три елементи на надгробен олтар, кои потекнуваат од вториот век од наша ера.
Во Скопје по земјотресот изградени се: 1. 914 стамбени простории од траен карактер а тоа го овозможија Светскиот совет на Цркви, Романија, Чехословачка, Полска, Швајцарија, Шпанија, Мексико, Норвешка, Франција, Велика Британија, Финска, САД, Данска и СР Германија. 1.432 стана од тип Дексион беа изградени во Ѓорче Петров- донација на Велика Британија. Монтажни станови од Данска, Швајцарија, Италија, Норвешка, Мексико, Франција, Чехословачка, Полска. 93 метални бараки донираше САД, 90 приколки донираше САД, 2 градинки донираше САД, 2 младински прифатилишта донираше САД, 2 студентски населби донираше САД, 2 осумгодишни училишта во Шуто Оризари донираше САД, 4 осумгодишни училишта донираше Велика Британија, 2 гимназии донираше Велика Британија, 54 бараки донираше Велика Британија. Универзална сала – е изградена со средства од Авганистан, Австралија, Аргентина, Боливија, Бразил, Гвинеја, Ирак, Иран, Индонезија, Израел, Јордан, Јемен, Јапонија, Камбоџа, Куба, Канада, Кипар, Либан, Либерија, Ликсембург, Мали, Монголија, Мароко, Монако, Нигерија, Нов Зеланд, Пакистан, Судан, Сенегал, Сирија, Сри Ланка, Турција, Тунис, Уругвај, Чиле и страски туристи во Југославија. Фабриката Карпош ја изградија Русите а тие создадоа згради кои денес ги викаме Руски.
