домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Легендата за волот и мечката и фурните со леб...

Дали знаете? – Легендата за волот и мечката и фурните со леб во Свети Наум

Најпопуларно предание кое кај месното население се разкажува во повеќе варијанти е чудото со мечката кое е прикажано и на икони, фрески, а и во рељефи. Воловите, од кои еден изела мечка, биле близнаци, подарени на Св. Наум. Со овие волови се изорала првата бразда околу манастирскиот имот. Свеченото заорување со воловите близнаци било благословено од Свети Наум и затоа во атарот што бил опфатен со првата бразда никогаш не паѓа град. Но, и она што паѓа во очи е фактот дека ликовните решенија не се поклопуваат, односно не се идентични со познатите варијанти на преданието за мечката и волкот. Имено, на фреските во манастирот ова чудо ликовно е обликувано како вол и мечка впрегнати влечат мала кола, со две тркала, какви што и денес се сретнуваат на падините кон Охридско, на планината Галичица. Колкаво големо значење му се преидавало на Наумовите чуда со мечката може да се потврди со изложениот музејски експонатво еден од конаците на манастирот на Свети Наум, каде се чувала пополната кожа на големата мечка.
До 1941 година во манастирот Свети Наум се печеше по два фурни леб на ден. Секогаш стоеше пред портата еден манастирски човек со вреќа леб. Тој на секого што ќе поминеше покрај манастирот му даваше по еден леб. Секој што минуваше тука, без разлика дали му требало или не земаше за здравје. Од тој леб, оној што ќе земеше кого ќе сретнеше патем и дома на сите луѓе им даваше по некој касај, онака како што се прави и денеска со „сваќата“ на свадбите. Тие што патуваа подалеку (во Албанија) или на други места го земаа лебот како еден вид документ пред разбојниците. И кога манастирот ќе пушташе свои калуѓери, им даваа повеќе лебови (мали пешници) за да им даваат на гладните што ќе ги сретнат, а и за да не бидат напаѓани од качаци.

Ден 18 април 2025

00:01:17