Дали знаете? – Јустинијан Први и Диме Илиевски (Мурато)
- Јустинијан I (латински: Flavius Petrus Sabbatius Iustinianus; 11 мај 483 – 13/14 ноември 565) император на Источното Римско Царство (од 527—565 година), христијанин и православен теолог. Настојувал да ја обнови моќта и големината на Римската Империја која била ослабена со упадите на варварските племиња. Познат е по проширувањето на империјата, првенствено со воените походи на Велизариј, како и по неговиот брак со императорката Теодора, која била сметана за негов корегент. Историјата го памети и како најголем кодификатор на класичното римско право. Јустинијан бил една од најзначајните личности во доцната антика, и со него завршува периодот на благосостојба во Византија, сè до IX век кога таа повторно ќе се издигне.
- На Хималаите во Непал исчезна Димитар Илиевски – Мурато, првиот Македонец што го освои највисокиот планински врв во светот Монт Еверест. Се искачи на 10 мај 1989, по што не успеа да се врати во базниот логор и официјално до ден денешен се води како изчезнат. Се одликувал со фрапантна љубов кон планините и непоколеблива амбиција за соочување со најтешките предизвици. Во својата богата алпинистичка кариера се има искачено на повеќе планински врвови во светот. Во негова чест на Пелистер подигнато е спомен-обележје. Посмртно е одликуван со државната награда Медал за заслуги за Македонија.