домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ЈАТКО ТОДЕВ/РК ВАРДАР МЕКСИКО

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ЈАТКО ТОДЕВ/РК ВАРДАР МЕКСИКО

⦁ Австралијанецот Јатко Тодев со потекло од Македонија, добил доживотно бесплатно летање со авион од авиокомпанијата ЈАТ, затоа што во 1978 година, се родил за време на летот за Сиднеј. Неговата мајка Марија Тодева се породила во авионот и тоа било прв таков случај во историјата на воздушниот сообраќај. Иако добил можност бесплатно да лета до било која дестинација во светот, Ратко ниту еднаш не го искоритил овој подарок.
⦁ Инспирирани од љубовта кон нашиот РК Вардар, во Мексико во 2017 година е основан аматерскиот тим Вардар Мексико (Vardar MX). Во 1968 година, Делфин Санчез Хуарез, амбасадорот на Мексико во СФРЈ (1961-1965) и поет, кој ја отворил мексиканската населба во 1964, издава книга за Скопје со наслов Llama entre las cenizas: Skoplje; vida, muerte, y resurreción de una ciudad (Пламен од пепелта: Скопје, животот, смртта и воскреснувањето на еден град). Мексико за скопските деца испрати 96.000 пакети со храна, текстил, чевли, играчки и слично. Населбата Тафталиџе била најубаво уредена и во неа има монтажни куќи испратени и од Мексико и други држави. Со цел Град Скопје да им се заблагодари на земјите кои донираа, еден дел од улиците во Скопје го носат името на државите како “Мексичка” и други.

Ден 18 април 2025

00:01:17