Oхридските јагули настанале пред 140-65 милиони години што на некој начин еволуциски ги прави современици на диносаурусите. Долгото плоскаво тело може да достигне должина од 200 см. и тежина од 6 кг. Во десетата година женките, а во дванаесетата мажјаците достигнуваат полова зрелост и со почетокот на дождовната сезона, го започнуваат патувањето исклучиво ноќно време, групирани во топчести јата движејќи се исклучиво по десната страна на реките. Кога пристигнуваат до морето им се придружуваат мажјаците. Сите примероци, кои поголемиот дел од својот живот го поминуваат во слатките води на езерата и реките, се исклучиво женки. Јагулите се мрестат во Саргаско Море, меѓу Бермуските Острови и Порторико. Патувањето до мрестилиштета трае повеќе од една година. Тука женките ја полагаат икрата на длабочина од 500-1000 м, по што мажјаците ги оплодуваат милионите јајца. По ова возрасните јагули угинуваат од исцрпеност завршувакќи ја својата мисија. Флотирачките јајца постепено се издигнуваат на површината изведувајќи се во ларви. Воедно, со развојот почнува и нивното хоризинтално движење препуштено на морските струи и нивниот пат назад. Патувањето трае три години. Уште една мистериозна промена настанува во оваа точка на нивниот развој. До овој момент на нивниот развој јагулите се половно недефинирани и хемрафродитни. Оние единки што се предиспонирани да станат женки го почнуваат својот пат во реките и слатките води. Враќањето спротивно од текот на реките е спекатакуларно. Милиони јагули се движат во густа темна маса долга и по неколку километри, но спротивно од заминувањето на нивните родители, ја држат исклучиво левата страна на реката.
