ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ИЗРАБОТКА НА ХАРТИЈА ВО ОХРИД/БИБЛИОТЕКА АЛ-БИ
- 14.8.1457 Гутенберговата печатница во Мајнц ја издава првата печатена книга во боја – „Мајнцишки псалтир“ отпечатена во црвена и црна боја. Во Охрид традицијата на изработка на хартија започнува во втората половина на 16 век во манастирот Свети Наум. Хартијата се изработувала за интерни потреби и во ограничени количини. Денес Националната работилница за рачна изработка на хартија “Св.Климент Охридски” ја возобновува оваа традиција. На одреден начин преставува продолжеток на старата средновековна постапка, која води потекло од Кина од 2 век п.н.е. Работилница започна со работа на 23.10.2002 год. Сместена е во прекрасен амбиент во старото градско јадро, веднаш до музејот, односно куќата на Робевци.
- Во Библиотеката „АЛ-БИ“, вгнездена под дабовата шума на демирхисарското село Бабино, се чуваат и се изложени првиот број на Македонскиот правопис, примерок од првото издание на македонскиот Буквар, првото издание на весникот „Нова Македонија“. Во библиотеката има книги печатени во Багдад, Техеран, Дамаск, Истанбул, Анкара, Софија, Москва, Ленинград, Лондон, Париз, Виена, Солун, Филаделфија, Хајделберг, Гетинген, Белград, Загреб, Дубровник, Амстердам, Лајпциг. Библиотеката е основана во 1882 година, велат дека е најмала во светот, на мал прстор се чуваат над 20.000 наслови. Денес селото Бабино има само двајца постојани жители.