ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ИМЕТО НА ВАРДАР/ПЕТРУС САБАТИУС
- Позната е приказната дека реката Вардар го добила ова име во чест на римскиот префект на Скупи, кој се викал Варда Склир и кој го регулирал течението на реката и со тоа го спасил градот од поплави. Приказната за островот во реката Вардар на кој се одржувале коњски трки и кој бил долг околу три километри, звучи навистина неверојатно, па дури и фантастично! Според податоците, островот се градел цели три години, а официјално бил путен во употреба 1932 година. Фантастичниот остров со текот на времето исчезнал, му се загубила секаква трага. Тој е еден вид наша, скопска варијанта на исчезнатата Атлантида.
- Петрус Сабатиус е роден во малото село Тауресиум, денешно село Таор во византиската префектура Илирик, веројатно на 11 мај 483 година од Вигилантија, сестрата на генералот Јустин, кој подоцна ќе стане византиски цар Јустин I. Јустин I го посвоил и го зел кај себе во Константинопол, обезбедувајќи му солидно образование, особено од областа на правото, теологијата и историјата. Кога Јустин I бил прогласен за цар, тој добил висок воен чин во царската гарда (magister militum). Во 525 година добил титулата кајсар, а на 4 април 527 година бил прогласен за август, со што станал совладетел на Јустин I. На 1 август 527 година Јустин I умрел, со што Јустинијан на 44 годишна возраст станал единствен цар на Источното Римско, односно Византиско Царство.