домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Ијан Флеминг, Лековитата кал на Дојранското Езеро и Херманиевата...

Дали знаете? – Ијан Флеминг, Лековитата кал на Дојранското Езеро и Херманиевата желка

  • На 28 мај 1908. роден е британскиот писател и новинар Јан Ланкастер Флеминг, творецот на Џејмс Бонд. Беше офицер за разузнавање во британската морнарица. По Втората светска војна се повлече на Јамајка, тогаш британска колонија, каде почна да ги пишува серијата приказни за Џејмс Бонд, врз основа на кои настанаа низа филмови. Џејмс Бонд, како и неговиот креатор Иан Флеминг, пушеле специјално направени цигари со македонска смеса на тутун, произведени во лондонската продавница „Морландс“.
  • Дојранското Езеро е надалеку познато по лековитата кал, која помага во лекувањето на некои кожни заболувања, болки во зглобовите, артритис, бронхитис, а корисна е за лекување на болести на мускулите и коските.. Оние на кои не им пречи нејзиниот мирис на школки и алги, можат слободно да ги пробаат нејзините благодати, дури и ако немаат никакви заболувања. Препорачлива доза е 7 дена мачкање по ред, еднаш до два пати дневно. Дојранчани со векови наназад веруваат дека големиот војсководец Александар III Македонски, ги носел своите војски во Дојран на бања, да се одморат и закрепнат во благопријатната кал.
  • Херманиева (Шумска) желка е една од двете копнени желки кои природно се среќаваат во Македонија, бидејќи е спора и трапава во своето движење, таа е најверојатно вашиот прв и единствен пример за желка. За жал, оваа неверојатна убавица се соочува со огромни закани – уништување на нејзините живеалишта, пожари, гинење на патиштата и голема побарувачка на глобалниот пазар на животни (како милениче и храна).

Ден 18 април 2025

00:01:17