домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Храброста на крушевските востаници и најсилниот земјотрес од 1904

Дали знаете? – Храброста на крушевските востаници и најсилниот земјотрес од 1904

12 август 1903. Околу 15.000 турски војници и башибозук под водство на Бахтијар-паша почнаа офанзива против Крушево и Крушевската република. Штабот на крушевските востаници, по добиениот ултиматум од Бахтијар-паша, за да се предадат одговори: „Востанавме за да се бориме за извојување на слобода за Македонија, а не да се предаваме“. Но, кога градот се најде во безизлезна состојба, штабот нареди востаниците да се повлечат со цел да се зачува градот од разурнување. Во жестоката битка загинаа 32 востаника. Меѓу нив неколкумина се самоубија. Крушевската република падна утредента, по борбите на преминот Слива и во месноста Мечкин Камен.

Земјотресот со епицентар помеѓу Пехчево и Кресна, што се води како најсилен на Балканот и еден од најсилните во Европа откако се вршат современи мерења, се случил во претпладневните часови на 4 април 1904 година, предизвикал големи штети во радиус од 40 километри, од него бил оштетен и Рилскиот манастир, а еден загинат имало дури и во Солун. Сепак, бидејќи на потресот тој ден му претходел еден нешто помал, луѓето веќе биле излезени од домовите и бројот на загинатите е релативно мал за толку силен земјотрес. Се смета како најсилен земјотрес на Балканот и еден од најсилните во Европа откако се вршат современи мерења. Имал интензитет од десет степени по Меркалиевата скала и магнитуда од 7,5 по Рихтер, па бил многу посилен од, на пример, скопскиот во 1963 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17