домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ГРКОТ ЗОРБА/ИМЕТО НА ДЕНАРОТ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ГРКОТ ЗОРБА/ИМЕТО НА ДЕНАРОТ

  • Гробот на вистинскиот Грк Зорба е во Скопје. Прототипот на светски познатиот херој на Никос Казанѕакис се викал Јоргос Зорбас и живеел две децении во Скопје се до смртта во 1943 година. Јоргос, бил роден во Катерини, Северна Грција. Се оженил за убавицата Елени, ќерка на богат сопственик на рудник во кој што и самиот работел. Таа починала млада на 36 години. По таа трагедија Зорбас заедно со 11-годишната ќерка Екатерина заминува во дваесетите години и купува рудници околу Скопје. Малку време пред неговата смрт Екатерина се омажила за угледниот скопски трговец Нико Јада.
  • Името „денар“потекнува од староримската монетарна единица „денариј“ и претставува израз на историскиот континуитет на употребата на парите на територијата на Македонија од римската антика до средновековниот период. Предлогот за името бил даден од страна на академик Петар Илиевски. На 27 април 1992 година започнала замената на книжните југословенски динари со вредносни бонови во однос 1:1, при што замената траела три дена. На 4 септември 1996 во Народната банка на Република Македонија се промовирани новите македонски пари, со нов дизајн, кои беа пуштени во оптег на 8 септември 1996 година.

Ден 18 април 2025

00:01:17