домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - ГОНЏА БОЈАЏИУ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – ГОНЏА БОЈАЏИУ

Спомен-куќата на Мајка Тереза изгади имиџ на место кое мора да се посети во Скопје. Според податоците туристите не си одат без да ја видат Спомен-куќата на Мајка Тереза. Од отворањето па до денес, спомен-куќата е посетувана од 80.000 до 100.000 посетители годишно. Спомен-куќата, за посетителите, беше официјално отворена на 30 јануари 2009 година. Локацијата на објектот не е случајно избрана. Имено, на ова место, до земјотресот во 1963 година се наоѓала католичката црква „Пресвето Срце Исусово” во која Мајка Тереза, тогаш Гонџа Бојаџиу, била крстена само еден ден по своето раѓање. Финансирана е од Владата и реализирана од Министерството за култура. Архитект е Вангел Божиновски, а изведувач на градежните работи ГП „Гранит“. Градбата зафаќа површина од 500 метри квадратни и уште толку се двор и мини плоштад, во кој е вклопена скулптурата на Мајка Тереза дело на академик Томе Серафимовски.

Гонџа Агнес Бојаџиу е родена на 26 август 1910 година, на тогашната улица „Поп Кочина” број 14, што се наоѓала на сегашниот плоштад Македонија. Таа била најмалото дете во семејството. Се верува дека името Гонџа го избрал нејзиниот татко. Тоа е турско име и значи пупка или цвет од роза. Кога таа навршила седум години, тргнала на училиште, прво во црквата „Пресвето Срце Исусово”, а подоцна и во државното училиште. Во Католичката црква во Скопје, каде што била крстена само еден ден по своето раѓање, ја примила и првата причест. Во почетокот на XX век, католичката црква „Пресвето срце Исусово“ во Скопје, била водена од редот на Исусовци. Отец Фрањо Јамбрековиќ, често пати на верниците им читал писма од мисионерки од Индија и Африка и живописно им го објаснувал животот на мисионерките. Така, тој одиграл голема улога во одлуката на малата Гонџа да замине за Индија и да го посвети својот живот на Бога.

Ден 18 април 2025

00:01:17