домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Галички церемонии, плажата Лебед и Дијатрета

Дали знаете? – Галички церемонии, плажата Лебед и Дијатрета

Свадбарските галички церемонии во минатото траеле цели пет дена и тоа започнувале со собирање на папрат и јаворово дрво од кои во дворот на младоженецот се правела колиба која служела за сместување на познатите “Дебарски топанџии” кои со децении се дел од овие свадбарски веселби. На две вечери пред Петровден со гозба, гости и песна кај момчето се подготвувал и Бајракот. Накитен со многу цвеќиња, срокот (врвот на што завршува со длаборез дрвен крст) на кој е поставено мијачкото знаме, Бајракот се поставувал на еден агол од куќата на претходно подготвена и закована пепарушка на една греда од стреата.

Скопјанките, оние од побогатите слоеви – не сакале “ниту за педа” да заостануваат зад Европа. Во 1932 г. формирано е нудистичко друштво! Членувале исклучиво жени кои со пајтони оделе во Катланово, се капеле и сончале на тамошните пусти плажи на Пчиња. Но тие не ретко оделе и скришни места на реките Вардар и Треска. Една од “најпосетените и најатрактивни” била плажата со романтично име “Лебед”, се наоѓала во близината на денешниот Луна – парк.
Дијатрета од првата половина на IV в, ископана на локалитетот “Таранеш”, кај дебарското село Селокуќи. Постојат две групи чаши “дијатрета” – со фигурален украс и со мрежест дел. Дијатретата од Таранеш е од “келнски тип”, најбогато декорирана. Чашата има основа на пехар и е изработена од белузлаво стакло. Околу основата има мрежест дел направен од малахитно-зелено стакло. На врвот има чешлести орнаменти, а на “крагната”, кафено-умбра стакло, на кое е испишан натпис со букви од зелено стакло. Основата на чашата е во форма на шестлисна розета. Во светот се пронајдени вкупно 21 чаша “дијатрета”, две од нив на територијата на поранешна Југославија – во Дарувар, Хрватска, и во муниципиумот “Комини С”, кај Дукља, Црна Гора. Сега е сместена во Археолошкиот оддел на музејот на Mакедонија

Ден 18 април 2025

00:01:17