⦁ Д-р Елена Етингер Каваева (Ченстохова, 20 ноември 1903 – Струга, 2 февруари 1983) била една од основоположничките на македонската здравствена заштита на охридско-струшкиот крај, Елена била активен учесник во Октомвриската социјалистичка револуција во Русија, личен пријател на Ленин и помагач на НОВ во Македонија. Каваева е основоположник на педијатријата во Македонија, а во 1947 година станува шеф на првиот детски диспанзер во Охрид. Во 1968 година е одликувана со советски Орден за воени заслуги. 20 ноември 1903. Заедно со својот сопруг д-р Владимир Каваев влезе во енциклопедијата на медицинските науки. Умре во Охрид, на 2 февруари 1983 година.
⦁ Моша Пијаде во Охрид пристигнал во 1913 година. Пред тоа работел во Белград. Како дописник на московска „Правда“, напишал текст против тогашната власт, по што бил избркан од работа. Сакал да замине во Париз да специјализира сликарство, но власта по казна го испратила во Охрид. Во гимназијата предавал цртање и убаво пишување, а подоцна и француски. Во Охрид останал до крајот на 1915 година. Бранислав Нушиќ (20 октомври 1864 – 19 јануари 1938) комедиограф, сатиричар и критичар. Рано го заинтересирале негативните страни во општеството, и поради тоа бил изведен пред суд и осуден една година затворот во Пожаревац. А веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го беа фрлиле в затвор. Поставен е за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Учествува во формирањето на Народното позориште во Битола. Во 1913 година го основа и театарот во Скопје, каде живее до 1915 година.
