домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Дувало и Лондонска мировна конференција

Дали знаете? – Дувало и Лондонска мировна конференција

  • Сулфатарата “Дувало” претставува активна поствулканска појава која се наоѓа во непосредна близина на селото Косел, недалеку од Охрид. Има изглед на минијатурен кратер со пречник од 0,5 м и длабочина од 30 см. Од отворот избиваат гасови на јаглен диоксид и сулфур водород заради што оваа појава во исто време е и мофета и сулфатара. Претставува последен знак на изумирање на некогашна вулканска активност, една од ретките од ваков вид во овој дел на Европа. Со самиот ваков карактер сулфатарата преставува природен феномен, поради што во 70-тите од страна на Собранието на Општина Охрид добила статус на природна реткост.
  • На 30 мај 1913 година во Лондон е потпишан мировниот договор со кој завршила Првата балканска војна и со кој за Македонија турско ропство било заменето со распарчување, поделба и ново ропство под Грција, Србија и Бугарија. Лондонската мировна конференција започнала на 16 декември 1912 година со цел постигнување договор меѓу победничките во Првата балканска војна и поразената Турција, која предложила на Македонија и на Албанија да им се даде автономија под суверенитет на Турција. Тоа не било прифатено. И поради незадоволството помеѓу балканските сојузници Грција, Србија и Бугарија од распределбата на отстапените територии од Турција, по Првата балканска војна (1912 – 1913) набрзо започнала и Втората балканска војна (1913). Турскиот предлог за автономија на Македонија одбиен од трите соседа.

Ден 18 април 2025

00:01:17