домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Детските жртви од земјотресот во Скопје и Ристо Зерде

Дали знаете? – Детските жртви од земјотресот во Скопје и Ристо Зерде

Според познатите податоци, во земјотресот загинале 120 деца. За да биде евакуирањето поорганизирано, било формирано Одделение за народна одбрана при Градското собрание, сместено на игралиштето на ФК Работнички, а со евакуација биле опфатени неактивните жители: жени, стари и изнемоштени, инвалиди и сите деца до 15 годишна возраст. Вкупно 105.000 лица биле евакуирани по земјотресот, од кои околу 30 илјади биле деца. Дел од евакуираните (63.200 лица) заминале кај свои роднини и пријатели во внатрешноста на Македонија, а 41.743 биле распоредени во другите југословенски републики. Така, во деновите по земјотресот, Скопје станал град без деца.

Ристо Зерде има своја библиографска единица во филмската енциклопедија на Лексикографскиот завод на Хрватска и е првиот филмски актер во Македонија. За жал многу малку знаеме за личности, кои се истакнувале во своите области, а имале забележителни успеси не само на локални, туки на пошироки простори.

Ден 18 април 2025

00:01:17