домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ-ЧУДОТВОРНА ИКОНА /ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР

ДАЛИ ЗНАЕТЕ-ЧУДОТВОРНА ИКОНА /ЛЕСНОВСКИ МАНАСТИР

  • Во времето кога на овие простори царувал Самуил (976 – 1014), монахот Јован, кој потекнувал од дебарскиот крај, по шест години откако ја нашол чудотворната икона на Чесниот Претеча т.е. во 1020 година, на местото каде што ја пронашол, подигнал поголем храм, околу кој започнало да се собира монашко братство. Со тоа, Јован Дебарски станува првиот ктитор на светата бигорска обител. Манастирот најмногу пострадал за време на турското ропство, кога бил неколку пати рушен и пален. Така, на два пати кога манастирот бил до темели уништуван, иконата на чудесен начин самата исчезнувала и се селела на друго место. Првиот пат иконата се преселила во еден манастир помеѓу Струга и Дебар, каде што и денес има црква што се вика „Св. Јован Бигорски“. Вториот пат, си нашла привремен дом во с. Слатино, Дебарца. И во Слатино има црква што го носи името „Св. Јован Бигорски“. Иконата повторно се вратила во манастирот во времето на неговиот возобновител, игуменот Иларион (1743 – 1781/2).
  • Лесновскиот Манастир е еден од најзначајните и најубавите средновековни и сакрални споменици на културата, не само во Република Македонија, туку и пошироко. Не само што со своето богатство и содржини на Иконостасот и фреско-сликарството, претставува голема мистерија, туку тој е познат и по својата моќ да лекува болни лица. Овде има преубав иконостас, длабока резба во орев, е прво дело на Петре Филиповски-Гарката, изработен по настојување на игуменот Теодосиј.

Ден 18 април 2025

00:01:17