домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - БРОД ,,СКОПЈЕ"/ЛОКАЛИТЕТ ГРАДИШТЕ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – БРОД ,,СКОПЈЕ”/ЛОКАЛИТЕТ ГРАДИШТЕ

На 20 септември 1948 година, Градското собрание на Скопје доби покана од „3 Мај“ од Риека да испрати делегација на свеченото пуштање во море на бродот „Скопје“. Бродот кој спаѓаше во класата полутоварни бродови со носивост од 10.000 тони, пловеше со години по сите светски мориња. Кога конечно беше целосно амортизиран, се врати дома во Риека на сечење и топење. Тогаш сидрото го испратија во Скопје и тоа и ден-денес стои под Камениот мост и му пркоси на времето.

Градиште во село Кнежје, резултат на континуирани систематски археолошки истражувањa од 2008 до 2018 година. Истражувањата се организирани од Народен музеј Свети Николе во соработка со TFAHR-USA, фондација за археолошки и историски истражувања и Институтот за археологија и историја на уметност при Филозофскиот факултет. Локалитетот се простира на околу 30 хектари и се наоѓа на четири километри западно од Свети Николе. Градот Билазора опстојува од 7-2 век п.н.е., а најголем подем доживува во 5 и 4 век п.н.е. Тим македонски археолози, предводени од проф. д-р Драги Митревски /Роден на 15 септември 1959/ од Филозофскиот факултет во Скопје, интензивно работеа на овој археолошкиот локалитет.

Ден 18 април 2025

00:01:17