домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Баронот Константин Бели и Марија Гимбутас

Дали знаете? – Баронот Константин Бели и Марија Гимбутас

  • Баронот Константин Бели – “Македонецот“ како што со гордост се потпишувал низ европските метрополи, е роден кон средината на XVIII век (околу 1760 – 1770 год.) во Постол (Пела) – Егејска Македонија, од каде рано емигрира неговото семејство во Австро-Унгарија. Заврши високи наобразби и со својата способност и интелектуална моќ, си изборува место меѓу највисоките државници на дворот во Виена, иако Македонец по род, но особено е важна личност за Баварија во чие државно организирање и управување учествува подоцна (германските обединувања и разединувања приматот помеѓу Австрија и Прусија). Баронот Бели во овие граници ја става неговата оставнина на Македонија и Македонците во 1835 год во “Тестамент“ со кој подарува 2000 книги од богатата библиотека која ја поседува за училиштето и црквите на родниот Постол (Пела).
  • Книгата на славната професорка од САД со литваниско потекло Марија Гимбутас насловена како ,,THE CIVILIZATION OF THE GODDESS” (издадена во Сан Франциско 1991 год.) е монументално дело резултат на нејзините повеќегодишни истражувања на културата на стара Европа во која ги опишува близу 3.000 проучени артефакти од неолитот. За насловната страна од својата книга го одбрала артефактот пронајден во токму македонската куќа од Велушка Тумба, во близина на Породин, битолско, кој е стар преку 8.000 год. Според нејзините истражувања во тоа време цела Европа живеела во земуници, а Македонците имале надземни куќи со врати, прозорци, оџаци, камини, огништа и покуќнина.

Ден 18 април 2025

00:01:17