домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?ДАЛИ ЗНАЕТЕ - АТИНА БОЈАЏИ

ДАЛИ ЗНАЕТЕ – АТИНА БОЈАЏИ

Атина Бојаџи (родена на 13 март 1944 во Охрид – починала на 28 декември 2010 во Скопје) — македонска маратонка во пливање. Вкупно двапати била светски првак на слатки води, првиот пат само со 18 години. Таа до денес останува најмладиот шампион на Охридскиот пливачки маратон на сите времиња. Во 1962 година со испливување на патеката Капри – Неапол станала светски првак на солени води. Врв на нејзината пливачка кариера е препливувањето на Ла Манш на 9 септември 1969 година, за 13 часа и 20 минути и со тоа станува првата Македонка, а воедно и првата пливачка од Југославија, која го остварила овој успех. Во 1977 година во чест на овој подвиг на Атина Бојаџи бил снимен филмот Исправи се, Делфина на Александар Ѓурчинов, со Неда Арнериќ во главната улога. Во 1998 година Македонскиот олимписки комитет ја овенчува со признанието „Великан на македонскиот спорт“, а во 2000 година дневниот весникот Утрински весник ја прогласува за спортист на векот. Во нејзина чест, спортскиот комплекс кај Билјанини Извори во Охрид го носи нејзиното име а паркот во Влае Скопје има фонтана во нејзина чест.

Ден 18 април 2025

00:01:17