домаДАЛИ ЗНАЕТЕ?Дали знаете? - Античката бања во Струмица и најмалиот тунел во Европа

Дали знаете? – Античката бања во Струмица и најмалиот тунел во Европа

  • Античката термоминералната бања претставува јавна бања од римско време е одалечена околу 12 километри источно од Струмица, во подножјето на планината Беласица. Откриена е во 1978 година, при копањето на темелите на хотелот „Цар Самуил“. На површина од 1000 м2 се откриени десет простории. Малите ниски простории се наоѓаат на источната страна, а на западната страна се наоѓаат повисоките простории. Ѕидовите се зачувани во височина од 2 метра до 6,70 метри. Термата (бањата) имала простории за соблекување, сауна, базени со топла, ладна и млака вода итн. Бањата ги користела термоминералните води од изворот Парило, што се наоѓа 50 метри јужно од бањата. Термата најверојатно потекнува од III век, од времето на римскиот цар Каракала (211- 217), кој ја подигал и обновувал терми низ царството и која била во функција цели 250 години.
  • Најмалиот тунел во Европа замина во историјата на 14 мај 2008. Тунелот се наоѓаше на регионалниот пат Дебар-Маврово, кај селото Скудриње. Со неговото минирање и уривање во историјата замина и легендата стара со векови која вели дека тука животот несреќно го загубила невеста, па како сенка излегувала во ноќните часови, но само во летниот период. Во нејзина чест по некое непишано правило жителите од поширокиот регион кога со возило минувале низ тунелот секогаш свиреле по трипати.

Ден 18 април 2025

00:01:17