По стартните три победи во Евролигата, Црвена ѕвезда сега е во низа од три порази. Српскиот првак гостуваше во Каунас кај Жалгирис, а на крајот домаќините се радуваа на победа од осумдесет и шест осудесет и четири.
Жалгирис водеше во најголем дел од натпреварот, дури и со двоцифрена предност, но Црвена ѕвезда се врати и со тројка на Коди Милер стигна до осумдесет и четири осумдесет и четири, а на семафорот остана само еден запирка три секунди до крајот.
