Наполи ја оствари петтата последовна победа, вкупно осма во Серија А оваа сезона откако го совлада Милан на „Сан Сиро“ со нула два. Сега тимот на Антонио Конте има дваесет и пет бода и значително им побегна на конкурентите на врвот на табелата во италијанскиот шампионат.
Ромелу Лукаку во петтата минута го замолкна Милано и погоди за водство на Наполитанците, а пред крајот на првиот дел Квича Кварацкелија зголеми на нула два.
