Градоначалникот на општина Центар, Горан Герасимовски вчера во Владата го потпиша договорот со кој се обезбедуваат средства за реализација на втора фаза за изградба на спортската сала ,Работнички’.
,,Денес во Владата го потпишав договорот со кој се обезбедуваат средства за реализација на втора фаза за изградба на спортската сала Работнички’’ – напиша Герасимовски на неговиот фејсбук профил.
„Општина Центар ги исполнува ветувањата. Во салата Работнички во тек се подготвителни активности за започнување на градежните работи од прва фаза. Според идејното решение салата ќе ги задржи истите димензии, но ќе биде целосно реконструирана, со нов паркет и трибини, нови санитарни чворови и нов кров. Општина Центар работи за повторно да го врати.
