Домот на културата во Ченто, градинката во Инџиково и спортската сала во Црешево стануваат реалност. Ова го соопшти градоначалникот на Гази Баба Бобан СтефковскиДополнително ќе изградиме и нова улица помеѓу Маџари и Керамидница која е предуслов за изградба на нова детска градинка на овој простор – напиша Стефковски на фејсбук.
Имено, градоначалникот на Гази Баба информираше дека вчера во Владата ги потпишал договорите со кои се обезбедуваат средства за реализација на погоре наведените капиталби проекти.
Стефковски се заблагодари на премиерот Христијан Мицкоски чија визија како што рече за исторсики напредок на општините од цела Македонија се реализира.
-Ова е време за историја во Гази Баба. Се решаваат децениските проблеми и барања на граѓаните, порача Стефковски.
