Фудбалерите на Фиорентина продолжуваат со одличните игри во Серија А, а тоа го покажаа и на мечот против Рома, кој го добија со пет еден. Екипата од Фиренца со овие три бода се искачи на четвртата позиција на табелата со шеснаесет бодови и само најави дека сезонава ќе се бори за висок пласман, со оглед на тоа дека има само два бода помалку од второпласираниот Интер.
Победата на Фиорентина беше најавена уште во првото полувреме, после кое имаа водство од три еден, а серијата голови продолжи и во второто полувреме.
