Судирот меѓу навивачите на бразилските клубови Палмеирас и Крузеиро на автопатот „Фернао Дијас“ доведе до трагични последици со најмалку седумнаесет повредени и еден загинат.
На интернет веќе се појавија видеа на кои се гледа запален автобус и повредени навивачи.
Според Федералната воена и автопатна полиција на Бразил, автобусот кој го користела организираната навивачка група „Мафија Азул“ на Крузеиро бил нападнат од членови на навивачката фракција „Манча Верде“ на Палмеирас.
