Македонското еколошко друштво утре во Градски парк во Скопје организира едукативен настан за создавање дабови садници од желади. Граѓаните ќе научат како да создадат садници во еколошки саксии од стари весници, кои по една година ќе можат да се засадат во природа. Настанот ќе започне во 11 часот, кај третото езерце.
