Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, изврши увид во реконструкцијата на просториите на Одделот за граѓански работи на МВР во зградата на МТВ. Реновирањето, кое треба да заврши за шест месеци, ќе овозможи двоен капацитет на управните служби и побрзи, поефикасни услуги за граѓаните. Тошковски нагласи дека и за време на реконструкцијата, издавањето лични документи се одвива непречено во пунктот до полициската станица „Пролет”.
