Еден од најдобрите шутери во ЕНБЕАЈ лигата, Клеј Томпсон, постигна шест тројки од десет обиди на својот прв меч во дресот на Далас маверикс, и со дваесет и два поени придонесе во победата над Сан Антонио спарс од сто дваесет сто и девет.
Шесте тројки на Томпсон се клупски рекорд на Далас за еден нивен дебитант. Интересно е дека при две од тројките на Клеј, Лука Дончиќ не гледаше кон кошот, туку предвреме почнуваше да ги прославува тројките на својот нов тимски колега. Словенецот покажа дека има доверба во шутот на Томпсон особено кога тој е сам и не шутира преку рака.
