Турски Галатасарај привремено го презеде првото место на табелата во Лига Европа со седум бодови од три кола, откако вечерва во Истанбул го победија шведски Елфсборг со четири три.
Галата одигра фуриозно прво полувреме по кое водеше со три нула, но се задоволија и застанаа. Елфсборг даде два гола за два три на половина час до крајот на средбата со што внесе нервоза кај домашните кои се исплашија дека од готово може да направат вересија. Но, Јунус Акѓун во осумдесет и трета минута погоди за четири два и гостите веќе немаа време за пресврт, иако погодија и по трети пат.
