Општина Гази Баба отвори ново детско катче во Црешево, опремено со современи реквизити за игра. Градоначалникот Бобан Стефков истакна дека просторот, кој претходно служеше за диво одлагање на отпад, сега е уреден за забава на децата и одмор на возрасните. Ова е 50. детско катче изградено за време на неговиот мандат.
