Легендарниот англиски голман Дејвид Џејмс привлече големо внимание откако на полувремето од натпреварот меѓу Ливерпул и Челзи успеа да му одбрани два пенали на единаесет годишно момче. Поранешниот голман на Ливерпул се врати на „Енфилд“ за да учествува во промоцијата на програмата на СТАНДАРД ЧАРТЕРД, наречена ФУТУР МЕЈКЕРС, чија цел е ангажман во заедницата.
