Арсенал вчера загуби на гостувањето кај Борнмут со два нула, а тоа веднаш го запали алармот на „Емирати“. Топчиите” играа со фудбалер помалку цело второ полувреме, но и покрај тоа имаа неколку шанси да постигнат гол. Очигледно е дека Микел Артета веќе нема да го чека Габриел Жесус да ја врати формата, и е подготвен да донесе нов напаѓач во јануарскиот трансфер период.
