Фудбалерите на Ливерпул во осмото коло од англиската Премиер лига го совладаа Челзи со два еден и се вратија на првото место на табелата. Ливерпул го отвори резултатот во дваесет и деветата минута, кога Мохамед Салах постигна гол од пенал, откако Кертис Џонс беше фаулиран во шеснаесетникот на Челзи. Со овој погодок, Салах се искачи на деветтото место на листата на најдобрите стрелци во историјата на Премиер лигата. Египќанецот досега има постигнато сто шеесет и два гола, делејќи ја таа позиција со Џермeјн Дефо, а следен на листата е Роби Фаулер со исто така сто шеесет и два погодоци.
