домаПОГОДОКМЕСИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА ПОРАКА - „СЕКОЈ НАРЕДЕН МЕЧ МОЖЕ ДА МИ Е...

МЕСИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА ПОРАКА – „СЕКОЈ НАРЕДЕН МЕЧ МОЖЕ ДА МИ Е ПОСЛЕДЕН“

Рекордерот по бројот на освоени Златни топки, Лионел Меси, одигра фантастичен меч во дресот на репрезентацијата на Аргентина против Боливија во победата од шест нула. Меси постигна хет-трик, а покрај трите гола, тој асистираше уште за два погодоци. Едноставно, популарниот Лео беше незадржлив иако има триесет и седум години.

Меси, кој пред две години ја предводеше Аргентина до светската титула на Мундијалот во Катар, вели дека не може да процени уште колку време би можел да игра во репрезентативниот дрес. Тој потенцираше дека секој нареден дуел може да му е последен за националната селекција, но тоа не значи дека ќе биде чудо ако го видиме и на летното Светско првенство во две илјади дваесет и шеста година.

Ден 18 април 2025

00:01:17