домаВестиЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ ПТИЧЈИ ГРИП - ЧЕТИРИ ВРАБОТЕНИ ПОД ЗДРАВСТВЕН...

ЗООЛОШКАТА ВО СКОПЈЕ ЗАТВОРЕНА ПОРАДИ ПТИЧЈИ ГРИП – ЧЕТИРИ ВРАБОТЕНИ ПОД ЗДРАВСТВЕН НАДЗОР

Зоолошката градина во Скопје е затворена поради појава на птичји грип, а 15 вработени се под епидемиолошка анкета спроведена од Центарот за јавно здравје и Институтот за јавно здравје. Денеска ќе бидат издадени решенија за здравствен надзор за четворица вработени, додека еден од нив ќе биде тестиран за присуство на вирусот поради симптоми на покачена температура и дијареја. Директорката на Институтот за јавно здравје, Марија Андоновска, изјави дека здравствениот надзор не подразбира карантин, туку медицинско следење на вработените во текот на две недели. Здравствените власти уверуваат дека нема потреба од паника меѓу граѓаните, иако ситуацијата се следи внимателно.

Ден 18 април 2025

00:01:17